Боливија ја губи битката со Ковид-19, полицијата собира лешови на улица

Од:

Во минатите пет дена, специјалната полициска единица од улиците низ Боливија отстранила 420 човечки лешови на заразени од Ковид-19.

Во главниот град на Боливија, Санта Круз, лешови имало по улиците, во автомобилите и во напуштените куќи.

Полковникот на полицијата Иван Рохас, началник на оваа специјална полициска единица изјави дека се претпоставува дека 80 до 90 отсто од пронајдените се починати како последица на Ковид-19.

Според податоците на боливискиот Институт за форензичко истражување, од први април до 19 јули, специјалните служби пронашле вкупно 3.016 тела на луѓе кои најверојатно се жртви на смртоносниот вирус.

Заклучно со вторникот, во Боливија се потврдени 60.991 случаи на Ковид-19, односно 2.218 починати.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски