Болести што ги убиваат децата

Од:

Воспаление на белите дробови и дијареата се најголемите причини за смртноста кај децата во светот, особено меѓу сиромашните популации, предупреди Светската организација за заштита на децата УНИЦЕФ во својот последен извештај.

Дури 2 милиони деца во светот најчесто умираат од воспаление на белите дробови и дијареа, што е 29% од смртните случаи на децата до 5 години.

75 земји во светот со највисока смртност од овие болести добија препорака од УНИЦЕФ да обезбедат првенство на лекување за своите малечки и услови за лекување како во 20% побогатите.

Од клучна важност ќе биде да се обезбеди имунизација против пневмонија и дијареа, поттикнување на мајките да ги дојат своите деца, подобар пристап до чиста вода и соодветни санитарни услови, обезбедување на антибиотици за пневмонија и рехидратантни решенија за дијареја.

Околу половина од смртните случаи со овие заболувања кај децата се регистрирани во пет земји: Индија, Нигерија, Демократска Република Конго, Пакистан и Етиопија.

УНИЦЕФ забележува дека 783.000.000 луѓе ширум свет не користат безбедна вода за пиење и 2,5 милијарди немаат соодветни санитарни услови.

Речиси 90% од смртните случаи од дијареа во светот се предизвикани од лошиот квалитет на водата, несоодветни санитарни услови и лошата хигиена.

„Измијте ги рацете со сапун и вода“ е еден од најпознатите ефективни интервенции за намалување на ширењето на пневмонија и дијареа, се вели во извештајот на УНИЦЕФ.

Од пневмонија починале 18%, а од дијареа 11%проценти. За споредба, маларија е одговорна за 7%, а 2% од децата починале од СИДА.

Би можело да ве интересира

Една година од масакрот во Рибникар: „Ме смируваа врисоците на децата“, рекло момчето кое уби девет ученици и наставник

А1он

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

Татко ги терал децата да питачат, а парите ги трошел во казино – доби пријава

Анита Петровска Рајковиќ

Ваучери од 50 евра за наставничките, за родителите срамно е децата да им носат цвеќе

Орце Костов

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Група деца се затруле со чист алкохол во Белградски клуб: Последиците може да бидат страшни

А1он