Бокова предупреди на „културно чистење“ од страна на џихадистите

Од:

„Исламска држава“ разграбува вредни предмети во големи количини од археолошки објекти во Ирак и во Сирија и ги продава на посредници, рече генералниот секретар на УНЕСКО Ирина Бокова.

Една петина од вкупно 10.000 светски познати објекти во Ирак се под контрола на „Исламска држава“ и биле подложени на масовно ограбување.

– Не е јасна судбината на уште 1.000 такви места, рече Бокова на средба со експерти во Лондон.

– Некои археолошки локалитети се толку ограбени и уништени, што веќе немаат вредност за историчарите и археолозите, рече Бокова, која во исто време изрази загриженост и за Либија.

– Произволното уништување, она што го гледаме денес во Ирак и во Сирија, достигна нивоа на без презедан во современата историја, рече Бокова во обраќање пред Институтот на обединетите кралски вооружени сили (РУСИ).

УНЕСКО покрена кампања „Unite4Heritage“ (Обединети за наследството), за да ги одбрани историските локалитет кои се под закана на џихадистите и против нивната милитантна пропаганда.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск