Бокова: Бан Ки-мун ќе закаже итна средба за уништувањето на историски артефакти во Ирак

Од:

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун ќе свика итна средба со членовите на Советот за безбедност за ситуацијата во Ирак, соопшти генералниот директор на Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО) Ирина Бокова, јави ТАСС.

– Денеска разговарав со Бан Ки-мун. Тој изрази длабока загриженост од последните настани во Ирак и од уништувањето на културни вредности од исламисти, додавајќи дека во брзо време ќе свика итна средба со членовите на СБ на ОН за проблемот, истакна Бокова.

Ирак моментално се соочува со идеолошка културна чистка, вклучително на религиозен принцип. На удар се не само христијанската и јазидската, туку и други заедници. Се уништуваат и муслимански културни вредности, нагласи раководителката на УНЕСКО.

Варварството влијае на луѓето, историјата, меморијата и културата. Целта на терористите е да се уништи се, што е својствено на човечката цивилизација, истакна францускиот претседател Франсоа Оланд пред новинарите за време на посетата на Филипините.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска