Авионот на турската компанија ULS кој превезувал 1,5 тон златни прачки од вторникот е блокиран на меѓународниот аеродром во Истанбул, јави CNN.
„Ербас А300“, на летот меѓу Гана и Дубаи, бил насочен кон аеродромот „Ататурк“ поради проблеми со горивото.
Но, по приземјувањето, турските власти утврдиле дека авионот немал уредна документација поради што тој е блокиран, а товарот e запечатен.
Полицијата, околу авионот, распределила силни единици за да го спречи евентуалниот обид за полетувањето на авионот или пак, за кражба на товарот.
Спред медиумите, златните прачки, Гана му ги праќа на Иран, кој е под меѓународни санкции поради нуклеарната програма.
Тоа е причината зошто авионот летал преку Дубаи.