Блинкен: САД го ценат ангажирањето на Израел за запирање на војната во Украина

Од:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на средбата со израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид во Летонија истакна дека САД „многу го ценат целото (израелско) ангажирање во обид да се запре руската агресија врз Украина“.

Блинкен алудираше на неодамнешната посета на израелскиот премиер Нафтали Бенет на Москва и беговата средба со рускиот претседател Владимир Путин.

– Многу ги цениме напорите што секој од нашите блиски партнери и сојузници може да ги направи за да види дали има можности да се стави крај на војната, истакна рече Блинкен.

Лапид наведе дека Израел е „целосно е посветен да стори сé што е можно за да ја запре војната во Украина“ и дека Тел Авив ја осуди руската инвазија и оти е партнер во глобалните напори за запирање на војната.

– Начинот на завршување на војната е преку преговори. Израел разговара со двете страни, со Русија и со Украина, а ние целосно соработуваме со нашиот најголем сојузник, САД и нашите европски партнери, посочи Лапид.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина