Блинкен ја прифати поканата да се сретне со Лавров

Од:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја прифати понудата на Русија да разговара со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на 23 февруари, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

– Секретарот Блинкен ја прифати поканата да се сретне со рускиот министер за надворешни работи Лавров следната среда, изјави Псаки на редовниот брифинг.

– Се уште веруваме дека Русија се обидува да ја нападне Украина. Се разбира, тие можат да се предомислат и имаме намера да ја оставиме отворена вратата за дипломатијата, рече портпаролката на Белата куќа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Западот сака да ја скроти Русија, тоа Наполеон и Хитлер веќе го пробаа

Москва е среќна со новите политики на САД, Лавров го фали Трамп

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД

Заврши состанокот во Ријад, први реакции: Не е лошо, не е лошо

Катерина Ѓуровски

Во тек е состанокот меѓу САД и Русија во Ријад

Катерина Ѓуровски

Лавров: „Америка на прво место“ вознемирувачки наликува на слоганот на Хитлер