Блинкен идната недела во работна посета на Токио и Сеул

Од:

Американскиот Државен секретар Ентони Блинкен идната недела патува за Токио и Сеул, за да ја потврди приврзаноста на САД во зацврстување на партнерството со Јапонија и Јужна Кореја, како и потврдување на соработката со цел мир, стабилност и прогрес во Индо-пацифичкиот регион и во целиот свет, се вели во денешното соопштение на Стејт департментот.

За време на визитата на Токио, Блинкен и министерот за одбрана, Лојд Остин, ќе учествуваат на состанок на консултативниот Комитет за безбедност на САД и Јапонија („2+2“), организиран од министерот за надврешни работи на Јапонија, Тосимицу Мотеги и министерот за одбрана, Нобуо Киши. Во Токио, Блинкен ќе се сретне и со други високи официјални лица за разговар околу низа билатерални и глобални прашања. Државниот секретар исто така ќе има виртуелни средби со водечки јапонски бизнисмени, како и со млади јапонски новинари, на кои ќе се истакне важнста на економските врски меѓу двете земји и важноста на слободата на печатот.

Во Сеул, Блинкен и Остин ќе се сретнат со министерот за надворешни, Чон Иј Ун, и министерот за одбрана Со Вук, за разговори околу билатерани и глобални прашања.

Државниот секретар ќе има виртуелни средби со корејски младински лидери и виртуелена тркалезна маса со млади корејски новинари, каде ќе се дискутира за важноста на сојузот меѓу САДи Јужна Кореја со цел запазување мир и прогрес во Индо-пацифичкиот регион и во целиот свет, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски