Познатиот бизнисмен од Малта, Јирген Фенех е обвинет за соучешништво во убиството на истражувачката новинарка Дафне Каруана Галиција во 2017 година.
Тој се изјасни дека е невин во судот во Валета, пред роднините на убиената новинарка. Бизнисменот повеќепати е сослушуван во врска со убиството, откако се обиде да го напушти островот со неговата јахта на 20 ноември, и побара помилување во замена за давање информации, но неговото барање беше одбиено.
Малтешките медиуми тврдат дека бил запознаен со Мелвин Тема, таксист поврзан со криминални претпријатија, кои во локалните медиуми се опишани како потенцијален „посредник“ во убиството.
Истрагата за смртта на Галиција ја разниша владата на Малта. Премиерот Џосеф Мускат е под голем притисок да поднесе оставка. Неговиот шеф на кабинет, Кит Шембри поднесе оставка минатата недела, откако беше сослушан од страна на полицијата. И министоите за туризам и економија, Конрад Мици и Крис Кардона поднесоа оставки од функциите.
Тројца осомничени чекаат судење за убиството на новинарката, а полицијата сега е фокусирана на тоа кој го нарачал убиството и зошто.