Битка меѓу Јеремиќ или Чекулис за претседател на ГС на ОН

Од:

Денеска, земјите членки на Обединети нации ќе одлучат кој ќе претседава со Генералното собрание на Обединетите нации. Во игра се двајца кандидати, шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ и литванскиот амбасадор во ОН Далијус Чекулис.

Шансите и на Јеремиќ и на Чекулис се изедначени.Гласањето ќе биде тајно, а изборот ќе го направат преставниците на секоја од 193 земји членки на ОН. Победник ќе биде кандидатот кој ќе освои просто мнозинство гласови. Ова е прв пат, претседателот на ГС на ОН да се бира со тајно гласање, а не како до сега, со акламација.

Претседавањето со Генералното собрание на ОН ќе трае од септември 2012 година до септември 2013 година.Во петок во Њујорк се бира претседател на Генералното собрание на ОН.

Кандидатот кој ќе биде избран ќе претседава со Генералното собрание една година во име на Источноевропската група која ја сочинуваат 23 земји.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска