Бискупот од Келн понуди оставка поради скандалите со сексуална злоупотреба

Од:

Бискупот од Келн, кардинал Рајнер Марија Воелки, соопшти дека му понудил оставка на папата за време на паузата од неговите должности, на која замина по критиките за тоа како се справил со прашањето поврзано со сексуалното малтретирање малолетници, но папата допрва треба да одлучи за неговата понуда.

Воелки направи пауза од своите должности како поглавар на најголемата епархија во најбогатата католичка црква во светот во септември по скандалот околу неуспехот на хиерархијата да се справи со злоупотребата извршена од свештениците.

„Мојата служба и функција како архиепископ во Ке лн ги ставив на располагање на Светиот Отец, за да може слободно да одлучи што најдобро и служи на црквата во Келн“, напиша тој во писмото до својот собор.

Во ноември минатата година, Воелки на затворена служба во катедралата ги призна пропустите на црквата во големиот скандал со сексуална злоупотреба.

„Голем број злосторства поврзани со сексуална злоупотреба беа извршени во црковните одаи од страна на свештеници и други членови на персоналот“, рече тогаш бискупот Ролф Штајнхајзер на службата за покајание во катедралата во Келн.

Штајнхаузер дојде на местото на Воелки, кој зеде една година одмор по контроверзите околу одлуката да не се објави извештај за скандалот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во Илиноис, околу 450 свештеници злоставувале повеќе од 1900 деца

Ана Ололовска

Француски кардинал признал дека пред 35 години силувал 14-годишно девојче

Горан Наумовски

Тужба против папата Бенедикт поради свештеник педофил

Ана Ололовска

Речиси 200 свештеници од католичката бискупија во Минстер осомничени за злоставување деца

А1он

Шпанија ја започна првата официјална истрага за злоупотреба на деца во Католичката црква

А1он

Поранешниот папа Бенедикт се извини на жртвите на сексуална злоупотреба во Католичката црква

Катерина Ѓуровски