Речиси 200 свештеници од католичката бискупија во Минстер осомничени за злоставување деца

Од:

Според денеска објавен извештај на истрага спроведена од германскиот Универзитет во Минстер, најмалку 196 свештеници од католичката епархија во овој град се осомничени за сексуална злоупотреба на малолетници во периодот од 1945 до 2020 година, се наведува во соопштението на универзитетот.

Американските медиуми наведуваат дека тоа е само додаток на веќе откриените случаи во другите епархии, што ја потресоа црквата во оваа земја.

Истражувањето или истрагата го нарачала епархијата во Западна Германија и дека ја спроведувал цели две години тим од Универзитетот во Минстер.

Се додава дека католичките функционери со години прикривале скандали или само површно интервенирале.

-Бискупите и другите функционери во некои случаи беа во голема мера свесни за злоупотребата, изјави коавторот на истражувањето Томас Гросболтинг.

Во истражувањето, исто така, се наведува дека 196 свештеници осомничени за злоупотреба сочинуваат околу четири проценти од сите во епархијата помеѓу 1945 и 2020 година.

Авторите на истражувањето навеле дека околу пет отсто од нив се „сериски“ сторители и дека секој од нив е одговорен за повеќе од 10 дела.

Се додава дека имало најмалку 610 жртви, но се стравува дека вистинската бројка е веројатно осум до 10 пати поголема.

Истражувањето покажало дека повеќето од свештениците осомничени за злоупотреба биле само префрлувани на друга позиција, без да им се намалат пасторалните должности.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Ученик во Дрезден испуштил солзавец на час, 30 ученици се пренесени во болница

Германското обвинителство покрена истрага за разговорите за напад на мостот на Крим