Билансот на загинатите при уривање на зграда во Сао Паоло достигна десет лица

Од:

Билансот на загинатите при уривањето на двокатната зграда во бразилскиот град Сао Паоло, пред три дена достигна десет лица, а 26 се ранети, јави ДПА.

Нови две жртви беа извадени од под урнатините вчера, со што бројот на загинатите достигна десет лица.

Повеќето од ранетите се градежни работници.

saoPaoloZgrada1

Двокатната зграда во источниот дел на мегалополисот се урна во вторникот. Во моментот на несреќата во зградата имало најмалку 35 работници.

Според очевидци зградата се урнала наеднаш. Независни експерти изјавуваат дека најверојатна причина за несреќата е дефект на носечките конструкции.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Аеродром во Бразил e поплавен: „Салгадо Фиљо“ ќе е затворен до крајот на мај

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил