Бил Гејтс и СЗО имаат нов план за обезбедување вакцини за сиромашните земји

Од:

Новa кампања за масовно собирање финансиски средства има за цел да инспирира 50 милиони луѓе ширум светот да направат мали донации за потребите на „Ковакс“ механизмот, за еднаква дистрибуција на вакцини против коронавирус.

Наречена „Go give one“, кампањата ја почна Фондацијата на Светската здравствена организација (СЗО), како и корпоративни, верски и светски лидери.

Првите средства беа обезбедени од фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс.

Кампањата се очекува да донесе 3 милијарди долари за програмата „Ковакс“, неопходна за вакцинирање на најмалку 30 проценти од луѓето во 92 земји со ниски примања, во текот на следната година.

Претходно за ковакс-механизмот од владите на повеќе земји како и од СЗО, УНИЦЕФ и од Коалицијата за борба против епидемии беа обезбедени Пред тоа, 6,3 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа