Биариц се подготвува за Самитот на Г-7

Од:

Градот Биариц од оваа сабота ќе биде во фокусот на светското внимание, како домаќин на самитот на Г-7. За таа цел за безбедноста во градот под Пиринеите на атлантскиот брег се ангажирани повеќе од 13.000 припадници на безбедносните сили, јави дописникот на МИА.

Биариц ќе биде најбезбедниот град во Франција од 24 до 26 август. На улиците на приморското одморалиште, специјалните полициски сили веќе се присутни од пред неколку дена. За обезбедување на Г-7, ќе бидат распоредени 13.200 полицајци, но исто така и припадници на армијата, како и припадници на шпанските безбедносни сили.

-Ние нема да толерираме никакви нарушувања на јавниот ред и ако дојде до тоа соодветно ќе одговориме. Наша цел е да овозможиме брзо распрснување на толпата и брзо апсење на предизвикувачите на нереди, изјави министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер, претставувајќи ги безбедносните мерки на самитот, чиј приоритет е безбедноста на официјалните делегации.

Низ градот безбедносните мерки ќе бидат многу строги. Во првата зона ќе можат да се движат само локалните жители, како и членовите на делегациите. За да се влезе во втората зона, ќе биде потребно да се обезбеди специјална дозвола.

-Мислам дека е лудо да се организира сето ова во средината на август во Биариц, се жалат дел од жителите на градот.

На самитот се очекуваат 10.000 членови на делегации и акредитирани новинари. Сите 52 хотела во градот беа резервирани за Г-7 уште пред една година.

Би можело да ве интересира

Членките на Г7 заклучија: Мoсква останува „единствената пречка за праведен мир“ за Украина

Земјите од Г7 размислуваат како да и помогнат на Украина со замрзнатите руски средства

Пекинг ги обвини земјите од Г7 дека соработуваат за да ја „клеветат и нападнат“ Кина

Горан Наумовски

Стигна реакцијата на Русија на „хистеричниот“ самит на Г7

ВИДЕО: Зеленски во Хирошима допатува со воен авион на француската влада

Медведев се закани дека ќе го раскине договорот за жито доколку Г7 го забрани извозот во Русија

Ана Ололовска