(ВИДЕО) Би-Би-Си: Јорданскиот принц Хамза тврди дека е ставен во домашен притвор

Од:

Полубратот на јорданскиот крал Абдула, принцот Хамза, изјави дека е ставен во домашен притвор и го обвини државниот врв за корупција и неспособност.

Видео изјавата на Хамза, доставена до Би-Би-Си, е објавена откако државната јорданска новинска агенција Петра објави дека двајца поранешни високи функционери и други осомничени лица се уапсени од „безбедносни причини“.

Јорданските власти, меѓутоа, негираат дека Хамза е уапсен или ставен во домашен притвор.

Хамза, поранешниот престолонаследник, на кого во 2004 година му беше одземена титулата, изјави дека вчераутро бил посетен од еден од највисоките претставници на јорданската армија кој му соопштил дека „не смее да излегува, да комуницира со луѓе или да се состанува со нив”.

Принцот изјави дека му е блокиран пристапот до телефон и интернет и дека успеал да се обрати до медиумот преку сателитски интернет.

Би-Би-Си објави дека изјавата на Хамза ја добил од неговиот адвокат.

Хамза, исто така, кажа дека бил информиран дека е казнет за учество на митинзи на кои бил критикуван кралот Абдула, но додаде дека не е обвинет за лична критика кон неговиот полубрат.

Тој го критикуваше „владеачкиот систем“, без да го спомене името на кралот Абдула. Во Јордан, многу ретко се случува некој од членовите на владеачкото семејство да упати толку остри критики кон владата, и секој знак на нестабилност во таа земја веројатно ќе ја зголеми загриженоста кај нејзините западни сојузници.

Висок воен претставник, кој вчера го посети Хамза, негираше дека принцот бил уапсен или е во домашен притвор, но додаде дека му било наредено да „суспендира некои свои активности што ги користи за напади врз безбедноста и стабилноста на Јордан“.

Би можело да ве интересира

Групата Исламски отпор ја презеде одговорноста за нападот на американската база

Трамп: Да бев јас претседател ќе беше мир во целиот свет

(ВИДЕО) Тројца Американци се мртви, 30 повредени во напад на база во Јордан: Ќе одговориме порача Бајден

Нападната американската војска: Најмалку 3 војници загинаа, 25 се ранети

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

Јордан: Никој во регионот не верува во израелската приказна за експлозијата во болницата