Би-Би-Си: Договорот меѓу Меј и унионистите од ДУП се одлага за идната недела

Од:

Договорот на премиерот Тереза Меј и Демократска унионистичка партија (ДУП) за парламентарна поддршка на новата британска малцинска влада, се одлага за идната недела – потврди Би-Би-Си, повикувајќи се на свои извори во северноирската партија од Белфаст.

Новото одлагање за постигнатата согласност за „договор за доверба“ меѓу ториевците и ДУП, според недентификуваниот извор, овој пат, се објаснува со „неприкладноста на моментот“, по катастрофалниот пожар во една лондонска станбена кула во која досега има десетина мртви и педесетина полесно и потешко ранети.

Изворот на кој се повикува Би-Би-Си, меѓутоа, тврди дека двете страни се „блиску до договор“ и инсистира на тоа дека не станува збор за криза во преговорите.

Според негово објаснување, двете страни се наоѓаат во фаза на финализирање на „термините и условите“ за меѓупартискиот договор.

Веста за уште едно одлагање, доаѓа по синоќешната средба на премиерот Меј и лидерот на ДУП, Арлен Фостер, во Лондон.

Претставник на Даунинг стрит 10, денеска одби да ги коментира тврдењата на британскиот јавен сервис, освен што кажа дека „веста за одлагање на објавувањето на договорот, доаѓа од другата страна“.

Доколку се покаже точно поместувањето на конечното спогодување на ториевците и на ДУП, тогаш ќе се одложи планираниот говор на кралицата Елизабета во Парламентот, што е утврден за 19 јуни, а ќе се одложи и почетокот на преговорите на Лондон со Брисел за Брегзит.

Договорот не претставува коалицирање на конзервативците со унионистите од Северна Ирска, туку само обезбедување поддршка за малцинската влада на Меј, за најзначајните прашања во парламентарната процедура, како што се говорот на кралицата, или буџетот на земјата.

Би можело да ве интересира

Англиски спортски водител е уапсен под сомнение дека силувал дете

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта иако воведе закон според кој таа е обврска

А1он

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски