Бежи Каид Есебси избран за претседател на Тунис

Од:

Секуларниот кандидат Бежи Каид Есебси е избран за нов претседател на Тунис, победувајќи го актуепниот шеф на државата, исламистот Монсеф Марзуки, јави ТАСС.

Како што соопшти попладнево туниската централна изборна комисија, на вчерашниот втор круг од претседателските избори, Есебси освоил 55,68 отсто од гласовите, а Марзуки 44,32 проценти.

Есебси е лидер на секуларната партија Повик за Тунис (НТ), која освои најмногу гласови на парламентарните избор во октомври годинава. Тој во два наврати беше премиер на Тунис и важи за докажан противник на исламистите.

Претседателските избори се сметаат за последна фаза од периодот на транзиција во Тунис, по уривањето на авторитарниот режим на поранешниот претседател Зин ал Абидин бен Али на почетокот на 2011 година.

Аналитичарите проценуваат дека победата на 88-годишниот Есебси и на неговата партија се должат на незадоволството на Тунижаните од управувањето на исламисттеи, кои ја презедоа власта во земјата по првите претседателски и парламентарни избори по уривањето на режимот на Бен Али.

По објавувањето на првичните разултати од вчерашните избори, синоќа во јужниот туниски град Ел Хама се одржа протест на меѓу 300 и 400 исламисти кои се судриле со полицијата.

Министерството за внатрешни работи на Тунис соопшти дека до инцидентот дошло кога демонстрантите почнале да палат гуми по улиците и со камења нападнале една полициска станица, по што интервенирале силите на редот. При судирите се повредени неколкумина полицајци.

Марзуки извојува убедлива победа во реоните во јужен Тунис и на двата круга од претседателските избори.

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Туниската полиција уапси стотици мигранти во крајбрежниот регион Сфакас

ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во напад пред синагога во Тунис: Полицаец уби двајца верници и колега, убиен е и напаѓачот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Фудбалерот Низар Ал-Исави почина откако се самозапали

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси министер за финансии и познат бизнисмен