Без вода два милиона жители на главниот град на Зимбабве

Од:

Сите два милиона жители на Хараре, главниот град на Зимбабве и околината останаа без вода по одлуката на Владата да се затвори главната постројка за пречистување на водата, што предизвика негодување кај населението поради страв од болести.

Властите на Зимбабве се борат да соберат околу 2,7 милиони долари месечно за увоз на хемикалии за прочистување на водата, која поради сушата ја има се помалку и во загадени резервоари од кои ја користат некои жители.

Поради големата економска криза, жителите последните месеци имаат недостиг од лекови, леб и бензин.

Градските власти предупредија дека во Хараре не е сигурна ниту флашираната вода, а се стравува од појава на нови болести по епидемијата од колера од која лани починаа 26 лица.

Во Хараре има и тифус поради недостиг на вода и несредена канализација, а дел од жителите се принудени да земаат вода од плитките и санитарно сомнителни бунари.

Би можело да ве интересира

Во Зимбабве уапсен лидер на секта, тврдел дека е пророк и злоставувал 250 деца

(ВИДЕО) Нилски коњ проголта човек: Го плукна два пати, но реши да го докрајчи

Ана Ололовска

Владата на Зимбабве им порача на државните службеници: Нема вакцина, нема плата

А1он

ОН ги осудија принудните бракови на малолетници во Зимбабве

Оставка на потпретседателот на Зимбабве, имал врски со мажени жени

Жарко Настоски

Зимбабве: Акутната неисхранетост кај децата е во пораст

Ана Ололовска