Без победник во првиот круг од претседателските избори во Тунис

Од:

Во првиот круг од претседателските избори во Тунис, одржани во петокот, нема победник, а вториот круг ќе се одржи идниот месец.

Изборната комисија денеска соопшти дека политичкиот ветеран Беџио Каид Есебси освоил 39 отсто од гласовите, а преодниот претседател на Тунис и поранешен активист за човекови права Монсеф Марзуки – 33 проценти.

Набљудувачите од Европската унија соопштија дека изборите биле „плуралистички и транспарентни“.

Левичарот Хама Хамами освои 7,82 отсто, исламистичкиот бизнисмен кој живее во Лондон, Хечми Хамди – 5,75, а бизнисменот Слим Ријахи освои 5,55 проценти од гласовите.

Во Тунис првпат се одржаа слободни претседателски избори од стекнувањето на независност од Франција во 1956 година.

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Туниската полиција уапси стотици мигранти во крајбрежниот регион Сфакас

ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во напад пред синагога во Тунис: Полицаец уби двајца верници и колега, убиен е и напаѓачот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Фудбалерот Низар Ал-Исави почина откако се самозапали

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси министер за финансии и познат бизнисмен