Берлускони во болница поради проблеми со бубрезите

Од:

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е задржан во болница поради проблеми со бубрезите, пишува „Кориере дела сера“.

Како што се наведува, Берлускони утрово е хоспитализиран во една болница во Милано, но веќе денеска би требало да биде отпуштен.

Неодамна, 82-годишниот Берлускони имаше рутински контроли и тогашните прегледи не покажаа ништо загрижувачко.

Претходно „Република“ објави дека тој е префрлен во миланската болница „Сан Рафаеле“ поради болки во абдоменот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески