Берлускони се поистовети со папата

Од:

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони денеска изјави дека би можел да раководи со Римокатоличката црква, толку добро како и папата Франциско.

– Невистина ми се допаѓа папата Франциско, бидејќи тој се однесува така како што јас би се однесувал кога би бил папа, истакна Берлускони во интервју за италијанското Радио 24.

Берлускони на прашањето дали Франциско е добар бидејќи наликува на него, истакна дека „би ги претставил работите на друг начин“. – Јас сум добар бидејќи личам на папата, рече Берлускони.

Интервјуто беше направено пред втората посета на поранешниот италијански премиер на Центарот за болни од Алцхајмер во близина на Милано.

Берлускони помага во Центарот откако беше осуден за даночни измами и поради возраста наместо да отслужува затворска казна, досудена му е општествено корисна работа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески