Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони има леукемија, пишуваат „Кориере дела сера“ и „Ројтерс“, повикувајќи се на свои извори.
На Берлускони му e дијагностицирана леукемија откако заврши во болница поради проблеми со дишењето.
„Тој е во стабилна состојба“, изјави братот на Берлускони, Паоло, откако вчера го посети.
Берлускони во последните месеци неколку пати беше во болница, но секогаш излегуваше по неколку дена.
Ројтерс потсетува дека партијата Форца Италија на Берлускони е дел од десничарската коалиција на премиерот Џорџија Мелони, но тој нема никаква улога во владата.