Берлускони е подготвен повторно да се кандидира за премиер

Од:

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони повторно го повика својот политички опонент, лидерот на Демократската партија, Пјер Луиџи Берзани да формира коалиција со неговата партија Народна слобода.

Тој истовремено ја истражува и подготвеноста повторно да се кандидира за лидер „на коалицијата слобода“ и претседател на владата, доколку има нови избори во Италија.

-Неприфатливо е 40 дена да нема влада. Или Италија веднаш ќе добие силна и стабилна влада или е подобро да им се даде збор на граѓаните и да се одржат избори во јуни – изјави на митингот за поддршка на НС во Бари 76-годишниот политичар кој до сега четири пат беше премиер.

Според зборовите на Берлускони, постојат две можности или Берзани во дијалогот да избере претседател и да формира влада или да се оди на повторни избори.

Од друга страна во Рим симпатизерите на ДП одржаа протест против сиромаштијата, на која Берзани уште еднаш потврди дека не сака коалиција со Берлускони.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим