Берлускони е подготвен да поддржи претставник на левицата за претседател на Италија, доколку се формира голема коалиција

Од:

Лидерот на италијанската десница Силвио Берлускони денеска изјави дека е подготвен да поддржи левоцентристички политичар за нов претседател на земјата, во замена за формирање на таканаречена голема коалиција, пренесоа британските медиуми.

-Подготвени сме да го разгледаме секој предлог, рече Берлускони во интервју, имајќи ја предвид можноста за избор на член на водечката левоцентристичка политичка сила, Демократската партија (ДП), за следен шеф на државата.

Во исто време тој јасно даде до знаење дека претходен услов за оваа поддршка е левоцентристите да формираат владеачка коалиција со неговата десноцентристичка партија „Народ на слободата“.

Демократската партија, меѓутоа, постојано ја отфрла можноста за коалицирање со Берлускони, што Италија ја внесе во политички ќорсокак по предвремените парламентарни избори во февруари, кои не дадоа јасен победник.

Никој од двата традиционални политички блока во земјата, левоцентристите и десноцентристите, не може да си обезбеди мнозинство и во двата дома на законодавниот орган. Главна причина за тоа е успехот на изборите на „Движењето пет ѕвезди“ на комичарот Бепе Грило, што го собра секој протестен глас во земјата и стана трета политичка сила, но одбива да коалицира со која и да било од останатите парламентарно застапени партии.

Изборот на наследникот на претседателот Џорџо Наполитано, чиј мандат истекува на 15. мај, е следниот важен тест за италијанскиот парламент.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим