Берлин: Терористите никогаш нема да победат

Од:

Шефот на кабинетот на канцеларката Ангела Меркел веднаш по нападите во Брисел ги повика Германците да ја искажат својата солидарност со Белгија.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, најблискиот соработник на канцеларката Петер Алтмајер на твитер објави порака „Терористите никогаш нема да победат“.

Алтмајер, кој е директно одговорен за справување со бегалската криза во Германија, бара солидарност од своите сограѓани нагласувајќи „Нашите европски вредности се многу посилни од омразата, насилството и теророт“.

Предходно и министрите за внатрешни работи Томас де Мазиер и за правда Хајко Маас ги осудија нападите во Брисел и апелираа за солидарност со граѓаните на Белгија.

Би можело да ве интересира

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски