Берлин: Изборите во Британија нема да ги одложат преговорите за Брегзит

Од:

Планираните предвремени парламентарни избори во Велика Британија, за кои се заложи премиерката Тереза Меј, нема да ги одложат преговорите за повлекување на таа земја од Европската унија, изјавија денеска претставници на Владата на германската канцеларка Ангела Меркел.

– Германската Влада не очекува дека изборите ќе влијаат врз процесот на преговарање со Велика Британија по прашањето за напуштање на ЕУ, изјави портпаролката на германската Влада, Урлике Демер.

Таа додаде, не изнесувајќи детали, дека Меркел и Меј вчера разговарале по телефон.

Меј оцени дека со одржување на вонредните парламентарни избори на 8 јуни оваа година, наместо во 2020 година, би се избегнала ситуацијата во која земјата истовремено би се соочила со избори и клучни делови од преговорите.

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад