Берлин: Франција да го отстапи на ЕУ постојаното место во Советот за безбедност на ОН

Од:

Германскиот вицеканцелар Олаф Шолц денеска изјави дека постојаното место на Франција во Советот за безбедност на ОН треба да стане европско, за ЕУ да може „да зборува со еден глас“.

– Ако сериозно ја сфаќаме Европската унија, ЕУ мора да зборува со еден глас во Советот за безбедност на ОН. На среднорочен план местото на Франција треба да се трансформира во место на ЕУ, рече Шолц, кој е и министер за финансии.

Тој говореше за иднината на Европа во Хумболт Универзитетот во Берлин, јави ДПА.

– Во замена за постојаното место на Франција, на функцијата шеф на делегацијата на Европската унија во ОН може да биде резервирано за Французин, смета Шолц.

Тој сепак, призна дека не е лесно да се оствари оваа идеја.

– Свесен сум дека потребно е уште многу работаа за да биде убеден Париз, додаде германскиот политичар, но додаде дека тоа е „храбра и мудра цел”.

Би можело да ве интересира

Америка стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за прекин на огнот во Газа

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС