Белгиско истражување открива „јасна врска“ меѓу Ковид-19 и витаминот Д

Од:

Според истражувањето на белгиски болнички тим, постои „јасна врска“ помеѓу недостатокот на Д витамин во организмот и тешките случаи на Ковид-19.

Наодите на медицинскиот тим денеска ги објавуваат белгиските медиуми, кои го цитираат истражувањето што треба да биде објавено на 20 ноември.

Според биолозите вклучени во истражувањето, речиси половина од 16.274 пациенти инволвирани во студијата имале сериозен недостаток на Д витамин, ова било посебно видливо кај машките пациенти.

Биолозите сметаат дека недостатокот на овој клучен витамин во организмот може да биде индикатор дека пациентот ќе развие сериозен случај на Ковид-19. Д витаминот е клучен за апсорпција на калциумот и магнезиумот и го зајакнува имуниот систем, пренесуваат медиумите.

Студијата треба да биде објавена во Американското списание за клиничка патологија за десетина дена.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски