Белгиските археолози во Египет открија остатоци од гробница, стара околу 3.200 години, што му припаѓала на еден од истакнатите советници на фараонот Рамзес II.
Пирамидата на везирот Кај е откриена во околината на Луксор, на југот на Египет, во текот на ископувањата на ридот Шеик Абдел Курн, соопшти денеска египетскиот секретаријат за антиквитети, пренесуваат француските медиуми.
Остатоците на гробницата, што била висока 15 метри, ја пронајде тимот од археолози од Слободниот универзитет во Брисел и универзитето во Лиеж.
Цртежите на циглите укажуваат дека пирамидата му припаѓала на Кај, везирот на Горен и Долен Египет, наведоа белгиските истражувачи, додавајќи дека споменикот бил срушен во VII и VIII век од новата ера, кога гробницата била претворена во коптска населба.
Откритието е од голема важност бидејќи Кај, кој 15 гофдини ја извршувал должноста везир на дворот на фараонот Рамзес II (1279-1213 п.н.е.) им е добро познат на египтолозите преку голем број документи.
Во антички Египет, должноста везир била еднаква на денешната функција премиер.