Белгија се подготвува, но не паничи за коронавирусот

Од:

За разлика од Италија каде тревогата е максимална, белгиските власти сметаат дека не се потребни нови мерки во однос на епидемијата на Ковид-19.

-Постоечките метки се за сега доволни, но научната комисијата постојано ја следи ситуацијата, изјавија од кабинетот на министерката за здравство на Белгија.

Италија прогласи карантин во повеќе северни градови, венецијанскиот карневал е укинат оваа година, а соседните земји се подготвени за слични мерки доколку биде потребно. И покрај интензивните контакти со Италија, правилата во белгиските аеродроми остануваат исти: единствено лицата кои пристигнуваат од Кина треба да пополнат формулар за да се утврди дали претставуваат ризик, во тој случај се изолирани.

Министерството за надворешни работи не ги смени ниту препораките за патување во Италија.

Според властите во Белгија, иако треба да се биде внимателен, не треба да се шири паника кај населението, и потсетуваат дека сезонскиот грип коси многу повеќе од коронавирусот.

За сега во Белгија само едно лице е во карантин, другите две веќе се пуштени од болница.

Сепак, според информациите на весникот “Ле Соар“, привидната смиреност не значи дека властите не се подготвени да реагираат во случај на влошување на состојбата. Доколку се зголемат случаите на зараза, најверојатно е дека Белгија би прогласила слични мерки како во Италија: изолации и откажување на јавни манифестации.

Властите сметаат дека не е потребно политичарите да даваат изјави за сега за да не се шири паника, дека институциите треба да комуницираат често, навремено и прецизно за да се смири јавноста и да не се даде впечаток на нетранспарентност.

Би можело да ве интересира

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски