Белгија сака да избегне италијанско сценарио

Од:

Белгија синоќа воведе строги мерки за борба против Ковид-19, јави дописничката на МИА.

Националниот совет за безбедност синоќа одлучи затворање на училиштата и унверзитетите. Сите активности, спортски, културни, фолкорни како карневалите (чести во овој дел на годината), јавни или приватни, се откажуваат. Сите ресторани, кафеани, дискотеки исто така затвораат. ИсклучокВо борбата против брзото ширење на новиот коронавирус, австриската Влада планира дополнителни рестриктивни мерки што драстично ќе влијаат врз животот на граѓаните.

По одлуката да се затворат училиштата следната недела се повикуваат граѓаните да ги намалат социјалните контакти, владата се подготвува да ги затвори угостителските објекти.

Канцеларот Себастијан Курц најверојано ќе ги објави тие мерки денеска, по средбата со претседателите на провинциите, доколку тие се согласат.

Владата планира да ги затвори сите угостителски објекти, од барови до ресторани или да им овозможи да работат само до 18 часот. Исто така, ако бројот на заразени лица достигне 10.000, како што предвидува канцеларката Себастијан Курт следната недела, ќе бидат затворени и сите продавници, освен супермаркетите и аптеките.

Во случај на понатамошен раст на заразените, се разгледува забраната за напуштање на станот.

МВР на Австрија веќе засили патроли низ градовите во обид да спречи навреме кражби од супермаркети и трговски центри поради се поголем страв од коронавирусот. се хотелите.

Аптеките и дуќаните со храна остануваат отворени а другите дуќани можат да работат преку недела но за викенд затвораат.

Затворањето на училиштата беше тема за долга дебата со рамките на Националниот совет за безбедност. Валонија, на југот на земјата беше за затворање додека Фландрија на северот беше против па тоа ја натера федералната влада да пресече и да ги затвори училиштата.

Децата чиишто родители мораат да одат на работа, ќе можат да бида згрижени во самото училиште од страна на негуватели. Властите сакаат да избегнат децата да им оставени на бабите и дедовците кои се ризична група.

Мерките ќе бидат применувани од ноќта помеѓу петок и сабота и ќе важат до 3 април вечерта кога почнува Велигденскиот распуст.

Јавниот транспорт продолжува да функционира но властите упатија покана до фирмите да организираат варијабилно работно време за да не се оптеретува јавниот превоз.

– Остануваме во фазата 2, фаза во која се обидуваме да го спречиме ширењето на вирусот во земјата, рече премиерката Софи Вилмес. И додаде дека Белгија «сака да избегне ситуација како таа во Италија».

Белгија има 11,4 милиони население а до вчера беа регистирани 399 заразени лица и три смртни случаи на постари лица.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски