Драма во Белгија: Вооружен маж се обиде да влезе во премиерската резиденција

Од:

Маж со нож е уапсен денеска откако се обидел да влезе во официјалната резиденција на белгискиот премиер Александар де Кро, објави директорот за комуникации на белгискиот премиер Баренд Лајц, а потврди и белгиската полиција.

Осомничениот е уапсен околу 10 часот во официјалната резиденција на белгискиот премиер, пренесува белгиската агенција Белга.

„Мажот наводно бил вооружен со нож и им се заканувал на присутните воени лица. Тие го совладале мажот додека ја чекале полициската зона, која е одговорна за понатамошна истрага“, соопшти белгиската полиција.

Мотивите на осомничениот маж засега не се познати.

Де Кро преку својот директор за комуникации рече дека е „потресен од инцидентот“ и нагласи дека во инцидентот нема повредени.

Внимателно ја следиме ситуацијата заедно со полицијата“, изјави Де Кро.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море

Русите на седум километри од Дњепропетровската област, населението известено за заканата

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ