Белгија не пушта патници од Бразил, Индија и Јужна Африка да влезат во земјата

Од:

Белгиските власти денеска одлучија да го забранат влезот во земјата за патниците од Индија, Бразил и Јужна Африка, со цел да се запре ширењето на новите видови на коронавирусот.

-Транспортот на патници со авион, воз, брод и автобус, вклучувајќи го и транзитот, од Индија, Бразил и Јужна Африка до Белгија ќе биде забранет, изјави белгискиот премиер.

Како што се додава, министерот за внатрешни работи што е можно поскоро ќе го објави указот за забраната за доаѓање.

Белгијците кои живеат во овие три земји можат да се вратат во земјата, но ќе мора да бидат тестирани и ставени во карантин.

Забраната не се однесува на одредени професии, што се поврзани со транспортот, морнарите, дипломати или членови на меѓународни организации.

„Федералната влада внимателно го следи развојот на епидемиолошката состојба. Планирани се натамошни консултации на ниво на ЕУ, особено со соседните земји, со цел да се постигне координиран пристап”, се додава во соопштението.

Според здравствените власти, во Белгија во моментов нараспространет е британскиот вид на коронавирусот (86 проценти), а по него следи бразилскиот (4,9 проценти) и јужноафриканскиот (3,7 проценти).

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски