Белгија: Над дваесет деца отруени од чоколадни Киндер јајца

Од:

Белгиската агенција за безбедност на храна детектираше салмонела во бројни производи на марката Фереро, која ги произведува Киндер јајцата, скандалот ја опфаќа цела Европа, јавува дописничката на МИА од Брисел.

После Британија, Франција, Ирска, Холандија, Германија и други, и во Белгија се појавија случаи на труење со салмонела поради чоколадните производи на марката Фереро. Во Белгија се избројани над дваесет случаи на деца, повеќето консумирале чоколадни јајца на Киндер, кои највеќе се продаваат токму во овој период на Велигденски празници.

Вкупно во цела Европа се идентификувани 125 случаи на труење.

Салмонелата е токсична бактерија која може да доведе до смрт. Во Белгија властите се сомневаат дека расипаните производи доаѓаат од фабриката на Фереро во градот Арлон. Во оваа фабрика се произведуваат низа чоколадни производи како Киндер и Шокобон кои потоа се извезуваат во цела Европа.

Сомнителните производи се повлечени од пазарот, а се повикуваат потрошувачите кои веќе ги купиле веднаш да ги вратат назад.

Агенцијата за безбедност на храна предупреди дека секој час е битен, и, иако не нужно сите производи се контаминирани, тие не смеат да се консумираат бидејќи ризикот е преголем посебно за децата.

Истрагата е во тек, но белгиската агенција за храна е речиси целосно уверена дека белгиската фабрика е изворот на контаминација.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

Нови шест потврдени случаи на заразени од салмонела во Берово