Белгија ги забранува сите протести против рестриктивните мерки

Од:

Белгиските власти ги одбија сите барања за дозвола за протест против рестриктивните мерки воведени за спречување на епидемијата од Ковид-19.

Повеќе иницијативи се појавија на социјалните мрежи, откако слични протести се одржаа во соседна Холандија и доведоа до повеќедневни немири и насилство.

Сите барања за дозволи за протести во недела во центарот на Брисел се одбиени и градските власти им препорачуваат на граѓаните да не одат на демонстрациите, кои би можеле да се одржат и покрај забраната.

Портпаролската служба на полицијата во Брисел порача дека дозволи не се издадени затоа што нема гаранции дека ќе се запазат мерките за безбедност и хигиена.

Минатата недела во центарот на Брисел се одржа мирна демонстрација против “класната правда“, на која не е регистриран ниту еден инцидент, но полицијата сепак приведе над 200 лица.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски