Белфаст: Десетици полицајци повредени во судирите за британското знаме

Од:

Најмалку 29 полицајци беа повредени во Белфаст во вчерашните судири меѓу младите пробритански лојалисти и ирските националисти.

Судирите следеа по уште еден протест против одлуката од 3 декември на општинскиот совет на Белфаст да ја прекине традицијата британското знаме да се крева секој ден над зградата на советот.

Судирите почнаа при минувањето на демонстрантите, главно протестанти, преку католички реон на враќање од протестниот митинг во централен Белфаст.

Полицијата се обиде да ги раздели двете групи младинци, кои се гаѓаа со цигли и шишиња.

Најмалку 100 лојалисти, облечени во боите на британското знаме, се собраа на митингот пред општинската зграда. Откако полицијата им го блокира патот кон Источен Белфаст, тие се упатија кон квартот Шорт Странд, традиционална арена за судири меѓу протестантите и католиците, и се степаа со локаланите младинци.

Откако националистите се распрснаа, полицијата ги сврти водените орудија кон лојалистите, кои полицајците ги одбија со метални шипки и откорнати тараби.

Запалени се десетина џипови.

Вчера железничкиот транспорт во градот беше запрен, откако мала експлозивна направа беше најдена во близина железничката линија.

Би можело да ве интересира

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

(ВИДЕО) Голем пожар во Саутемптон, клубот го одложи вечерашниот натпревар

Во Норфолк: Четиричлено семејство пронајдено мртво, таткото и мајката се прободени во вратот

Горан Наумовски

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

Обилниот снег на северот на Англија предизвика сообраќаен колапс и прекин на електричната енергија

Горан Наумовски