Бебе средe војна: Сопругата на Асад, Асма бремена со четврто дете

Од:

Според извештаите, на еден бејрутски весник, сопругата на сирискиот претседател Башар ал-Асад, Асма (37), мајка на неговите три деца, бремена е по четврти пат.

Асма ал-Асад, која е родена и израсната во Велика Британија, во последно време ретко се појавува во јавноста, па оваа вест не е лесно да се провери, а нејзиното семејство во Велика Британија, исто така, не сакаше да ја коментира.

Претседателот Асад, како што велат изворите, веста ја соопштил на неименувани арапски посетители во Сирија, а тие понатаму ја пренеле на бејрутскиот весник “Ал-Акбар”, кој е наклонет кон сирискиот режим. Веста е посветена на видувањето на граѓанската војна на Асад во неговата земја, која трае веќе две години и претседателот притоа изразил уверување дека неговата војска на крајот ќе победи.

На крајот од статијата се соопштува веста за бременоста на асадовата сопруга, која, списанието “Вог”, поради нејзиниот шарм и елеганција, своевремено ја опишуваше како “Пустинска ружа.”

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски