Беата Шидло полесно повредена во сообраќајна несреќа

Од:

Полската премиерка Беата Шидло (53) е полесно повредена во сообраќајна несреќа, кога едно приватно возило удрило во нејзиниот службен автомобил, по што возилото завршило во дрво покрај патот.

Инцидентот во кој учествувал и еден „Фиат-Уно“ се случил во близината на градот Освјенцим, каде се наоѓа и злогласниот нацистички логор Аушвиц, од Втората светска војна.Полската премиерка Беата Шидло (53) е полесно повредена во сообраќајна несреќа, кога едно приватно возило удрило во нејзиниот службен автомобил, по што возилото завршило во дрво покрај патот.

Шидло била префрлена во локалната болница, но по укажаната прва помош била итно префрлена во болница во Варшава, за детална контрола.

Во инцидентот се повредени и возачот на нејзиното возило, како и офицер на владината служба за безбедност.

Тоа е втора сообраќајна несреќа со премиерката Шидло во изминатите три месеци. Во ноември минатата година, во време на посетата на Израел, нејзиниот службен автомобил, што бил во обезбедувана колона, имал полесна сообраќајна несреќа.

Во тој инцидент Шидло поминала без никакви повреди.

Според полските медиуми, сообраќајни несреќи без последици во изминатите месеци имале и претседателот на Полска, Анджеј Дуда, како и министерот за одбрана, Антони Мацерјевич.

Полската полиција отвори службена истрага за сообраќајната несреќа кај Освјенцим, но министерот за внатрешна работа Мариуш Блашчак побарал итен состанок со раководните луѓе на владината служба за обезбедување на државните функционери.

Шидло е премиерка од 2015 година. Нејзината десно-центристичка Влада е изложена на незадоволство и противење од домашната демократска јавност, но и на остри критики од ЕУ за „газење“ на судската и медиумската независност.

Би можело да ве интересира

Полска издвојува 375 милиони долари за зајакнување на оградата на границата со Белорусија

ВИДЕО: Изгоре огромен трговски центар со 1400 продавници во Вашрава

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата