Башар ал Асад предупреди на последиците од соборувањето на неговиот режим

Од:

Сирискиот претседател Башар ал Асад во интервју за турски медиуми предупреди дека соборувањето на неговиот режим или распаѓањето на неговата земја ќе создаде домино ефект, кој ќе рефлектира нестабилност на Блискиот Исток долги години.

Ова е досега најострото предупредување до соседните држави за потенцијалните последици од граѓанската војна во Сирија.

Во интервју за турската телевизија „Улусал канал“, Асад ги обвини соседите дека го поттикнуваат бунтот против неговата власт.

– Ние сме опкружени од земји кои им помагаат на терористи и им дозволуваат да влезат во Сирија, истакна Асад, додавајќи дека истите тие држави на крајот ќе платат за своите дејства.

– Сите знаат дека ако бунтовите во Сирија достигнат точка на распаѓање на земјата или терористите ја преземат контролата, или пак двете истовремено, тогаш заразата веднаш ќе се префрли прво во соседните земји, а потоа ќе има домино ефект, кој ќе стигне до државите на целиот Блиски Исток, нагласи сирискиот претседател.

Тој упати критика до турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, кој бил близок соработник на сирискиот режим пред кризата, но потоа се сврте против него.

– Кога премиерот или владата, или официјални претставници, ќе се вмешаат во пролевањето на крвта на сирискиот народ, тогаш нема мостови меѓу мене и нив, ниту пак меѓу нив и сирискиот народ, кој не ги почитува, изјави Асад.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски