Басеску: Итен закон за евтаназија на илјадниците бездомни кучиња откако 4-годишно дете стана жртва во Букурешт

Од:

Романскиот претседател Трајан Басеску повика за итно прифаќање закон со кој ќе се дозволи евтаназија на илјадници улични кучиња.

Повикот беше упатен во телевизиско обраќање, ден откако дете на 4-годишна возраст беше искасано од улични кучиња во парк во Букурешт.

– Луѓето се над кучињата, нагласи претседателот.

Басеску повика за евтаназирање улични кучиња само ако тие се болни.

Според весникот Евениментул зилеј, кучињата кои го убиле детето, се на невладина организација од Букурешт – Фондација Калеидоскоп.

Според локалните медиуми, на улиците во главниот град има околу 64.000 бездомни кучиња. Во Романија функционираат околу 100 невладини органзиации за заштита на животни. Нацрт-законот кој дозволува стерилизирање бездомни кучиња е блокиран неколку месеци во правната комисија на парламентот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет