Баросо во посета на Виетнам

Од:

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо денеска пристигна во Ханој, каде ќе разговара за склучувањето на спогодбата за слободна трговија меѓу Виетнам и Европската унија и за територијалниот спор со Кина.

Предвидено е Баросо да има разговори со премиерот Нгуен Тан Зунг, по што ќе се сретне и со други лидери, вклучувајќи го претседателот Чонг Тан Шанг и генералниот секретар на Виетнамската комунистичка партија, Нгуен Фу Чонг.

– Посетата ќе им даде нов поттик на преговорите за трговска спогодба, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон.

Се очекува Баросо исто така да потпише грант поврзан со трговијата, вреден 2,3 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски