Баросо бара решителен одговор на употребата на хемиско оружје во Сирија

Од:

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо во денешното обраќање за „Состојбата на Унијата“ пред Европскиот парламент во Стразбур, оцени дека употребата на хемиско оружје во Сирија треба да биде „осудена“ и дека е потребен „решителен одговор“, јави дописникот на МИА од Стразбур.

– Користењето и употребата на хемиско оружје е акт кој треба да биде осуден и има потреба од решителен одговор, изјави Баросо.

Тој нагласи дека меѓународната заедница, предводена од ОН, има колективна одговорност за ставање крај на конфликтот во Сирија.

Баросо притоа го поздрави предлогот за уништување на резервите на хемиско оружје во Сирија, што, според него, е „добра рабоа“.

– Сега сирискиот режим треба да покаже дека сака ефикасно да го спроведе ова и без одлгање, додаде Баросо.

– Ние во Европа мислиме дека политичкото решение е единственото кое ќе озвможи да се воспостави траен мир каков што заслужува сирискиот народ, подвлече на крајот претседателот на Европската комисија.

Поладнево Европскиот парламент ќе расправа за ситуацијата во Сирија.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов