Баронеса Варси поднесе оставка несогласувајќи се со британската политика кон Газа

Од:

Британската баронеса Варси, првата муслиманка во една британска влада, поднесе денеска оставка на својата функција,еден од помошниците министри во Форин Офисот,несогласувајќи се со политиката и односот на официјален Лондон кон појасот Газа.

Во текстот на оставката,што таа ја обелодени и на својата интернет страница,Варси вели дека не се согласува со политиката на владата кон она што се случува во Газа,тврдејќи дека односот на британската влада кон страдањата на Палестинците е „морално неодржлив и неодбранлив“.

Ваквата реакција на Варси не е изнедување за британската полутичка јавност,затоа што таа уште во текот на минатиот месец на неколкупати го критикуваше молчењето и нереагирањето на официјален Лондон на страдањата на „цивилите во Газа“ во судирањата на израелската армија и исламистите од Хамас.

По нејзината реакција,минатата недела реагираше и лидерот на опозиционите лабуристи Ед Милибанд,кој ја обвини владата за немање јасен став и за отсуство на било каква реакција на она што во изминатите четири недели се случува во Газа.

Од Даунинг стрит 10,меѓутоа,реагираа со отфрлање на обвинувањата,со објаснување дека Милибанд со критиките само се обидува да прави политика и собира политички поени за внатрешни потреби.

Варси стана министер во коалиционата влада на Дејвид Камерон по мајските избори во 2010 година.Од тогаш.таа беше и претседавач со Конзервативната партија,а од 2007 година ја имаше титулата баронеса,затоа што стана член на Горниот дом на британскиот Парламент.

Во 2012 година,таа јазагуби подршката на партискиот лидер и премиер Камерон,па од владата беше префрлена на пониска функција во Форин Офисот. Варси е израсната во англиската област Западен Јоркшир.Таа е едно од петте деца на нејзините родители кои се имигранти од Пакистан.Пред да влезе во политиката,баронеса Варси беше адвокат.

Би можело да ве интересира

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Дејвид Камерон: Поддршката на Велика Британија за Израел зависи од почитувањето на меѓународното право

САД: Револтирани сме од израелскиот напад во кој беа убиени хуманитарни работници

Израел уби седум хуманитарци, Нетанјаху тврди: Беше ненамерно