Барние: Се уште постои ризик од хаотичен Брегзит

Од:

Преговарачот на Европската унија за Брегзит, Мишел Барние изјави денеска дека се уште постои ризик од хаотично заминување на Велика Британија од европскиот блок без договор и дека идните трговски разговори ќе бидат „тешки“.

– Се уште постои ризикот од тоа Брегзит да се случи без ратификуван договор. Се уште треба да се подготвуваме, рече Барние во Брисел.

Барние наведе дека „во сите земји-членки постои голема разлика во подготвеноста помеѓу поголемите компании и малите и средните претпријатија“ и додаде дека не е време да се биде самозадоволен, туку е потребно да се работи со мали и средни претпријатија.

Тој рече дека излегувањето од ЕУ без договор може да се случи кон крајот на јануари, доколку британскиот Парламент не го ратификува договорот на премиерот Борис Џонсон и Лондон не добие уште едно одложување за излез од ЕУ.

Барние предупреди дека има малку време помеѓу Брегзит и крајот на 2020 година за да се постигне нов трговски договор.

– Ќе бидат тешки преговори, рече Барние, додавајќи дека времето што е на располагање за постигнување нов трговски договор ќе биде исклучително кратко, 11 месеци.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно