Барање на шведските либерали: Имигрантите мора да научат шведски

Од:

Познавање на шведскиот јазик како услов за добивање државјанство, барање за издржување на членовите на семјството со сопствени средства и издавање дозвола за постојан престој дури откако имигрантот ќе добие работа во Шведска.

Ова го предлага работна група на шведската Народна либерлана партија, која со тоа сака на појасен начин да ги поврзе интеграциската политика во општеството со пазарот на трудот, јави допиникот на МИА од Гетеборг.

– Шведска е позната како хуманитарна голема сила и ние така и ќе продолжиме, потенцира лидерот на шведските либерали Јан Бјорклунд, укажувајќи дека на Шведска и историски и во иднина ќе и биде потребна имиграција, но истовремено нагласува дека работењето и издржувањето од сопствени приходи мора да бидат во поблиска врска со доаѓањето на нови имигранти во земјата.

Меѓу предлозите се и барања за пониски почетни плати за имигрантите, како и побрз процес на нострификација на странски универзитетски дипломи.

Веднаш се слушнаа и остри критики од разни места во Шведска, при што се укажува дека либералите, кои како дел од десниот опозициски парламентарен блок моментно добиваат околу пет отсто од избирачките симпатии, за разлика од преку 10 прценти во изминатите неколку години.

Овие нови предлози за подобрување на интеграцијата на странците во шведското општество се актуелизираат во услови кога екстремната десничарска парламентарна партија Шведски демократи станува се поуспешна во своите настојувања присутните економски и други проблеми во Шведска да ги поврзе со порастот на бројот на имигрантите и бегалците.

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност