Барање до Трамп: Интервенирај во Иран

Од:

Лидерот на опозицијата и син на поранешниот ирански шах во егзил, Реза Пахлави, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да биде „подготвен да интервенира за да му помогне на иранскиот народ“.

Пахлави, кој живее во Вашингтон, побара помош од Трамп преку објава на мрежата X.

„Господине претседателе, ова е итен и непосреден повик за ваше внимание, поддршка и акција. Луѓето повторно ќе бидат на улиците за еден час. Ве молам помогнете“, напиша Пахлави.

Тој додаде дека ги повикал луѓето да излезат на улиците за да се борат за својата слобода и да ги „совладаат безбедносните сили со огромен број“, објавува Би-Би-Си.

Би можело да ве интересира

Нова закана од Техеран: Иранската гарда вети одмазда за загинатите морнари

Израел размислува за уништување на клучната инфраструктура на Иран, се подготвува нов напад

Рим категорично ја демантираше изјавата на Зеленски: „Тоа не е вистина“

Русија испрати „чудовиште“: Дронот „Изделие К5“ првпат снимен на фронтот

Хамнеи: Басиџ нема да пропушти можност да им се спротивстави на непријателите на Иран

Кац: Иран развива хемиско оружје – Израел е подготвен за напад