Бан со повик за национално помирување во Египет

Од:

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун повика денеска за ненасилство и помирување во Египет.

Неговиот портпарол Мартин Несирски изјави дека Бан е исклучително загрижен за политичката состојба во Египет. Бан Ки-мун изрази подготвеност да помогне со решенија со кои ќе бидат исполнети барањата на египетскиот народ.

Тој смета дека сите жители на таа држава – како властите така и демонстрантите на улиците, треба да прекинат со меѓусебни обвинувања и акции.

– Пред се мора да се избегнат акции и декларации што може да се протолкуваат од дргата страна како провокација и да се вклучат во политичкиот процес со цел помирување за да не се дозволат крвопролевања, нагласи портпаролот.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Египет бара формирање независна држава Палестина

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет