Бан: Признавањето на независноста на една држава е прашање за кое одлучуваат сами членките на ОН

Од:

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун ја зема предвид одлуката на Шведска да ја признае Палестина за независна држава, но нема да ја коментира, бидејќи смета дека тоа е прашање за кое решава секоја одделна земја членка на светската организација, изјави портпаролот на Бан Стефан Дужарик.

– Признавањето на независноста на една или друга држава е прашање, за кое решаваат сами за себе земјите членки на ОН. Генералниот секретар се разбира дека е информиран за одлуката на Шведска, но таквите одлуки ги носат самите земји членки и тој не ги коментира, изјави Дужарик.

Вчера Шведска објави дека ја признава Палестина за независна држава, како чекор за уредување на израелско-палестинскиот конфликт.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот