Бан: Над 30.000 странски лица се во редовите на ИД

Од:

Над 30.000 луѓе од цел свет учествуваат во операциите на терористичката групација Исламска држава во Ирак и Сирија, изјави денеска генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун за време на седница на СБ на ОН.

Тој повика да се реши проблемот со поддршката на терористите од  владите на некои држави.
– Над 30.000 луѓе од цел свет се членови на ИД во Ирак и Сирија. Тие странски борци ќе бидат сериозна закана за безбедноста во своите држави и на трети држави кога ќе се вратат, нагласи Бан.

Тој вели дека ИД има приходи од незаконски акции и врбува во своите редови млади луѓе користејќи и интернет и социјални мрежи.

Бан вели дека со таа појава треба да се води борба на сите нивоа. Тој повика државите да преземат поконкретни чекори за спречување на незаконска трговија на ИД со нафта и природен гас и со предмети што се национално богатство.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска